ВЕСТИИМПУЛССВЕТ
Во тренд

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт, Трамп со ултиматум – Иран повеќе нема да постои

ВАШИНГТОН / ТЕХЕРАН – Воениот конфликт на Блискиот Исток ескалираше драматично откако Иран во неделата лансираше серија напади со дронови и ракети насочени кон Кувајт и Бахреин, како директен одговор на американските воздушни напади врз Исламската Република. Најновите извештаи на новинската агенција „Асошиејтед прес“ (Associated Press – AP) предупредуваат дека овие судири сериозно ги загрозуваат преговорите за траен прекин на огнот, додека Техеран веќе се закани со „целосен прекин“ на мировните процеси доколку Вашингтон не ги запре нападите.

Кризата дополнително се продлабочи по обидите за повторно отворање на стратешкиот Ормуски Проток без директен надзор на Иран. Тензиите пораснаа откако мултинационалното поморско тело, под раководство на Морнарицата на САД, најави проширување на рутата во близина на Оман за влезен и излезен сообраќај, што наиде на жесток отпор од Техеран кој инсистира дека тој синонимува со суверено управување над овој клучен воден пат за светската економија. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за време на државната посета на Ирак во неделата, децидно изјави дека секој обид за воведување нови аранжмани надвор од контролата на Иран само ќе доведе до дополнителни компликации и зголемување на тензиите.

На удар се заливските држави кои ги делат воените бази со САД

Воените сили на Кувајт соопштија дека нивната воздушна одбрана успешно пресретнала две балистички ракети ирански дронови во неделата наутро, веднаш по американските удари, при што нема извештаи за жртви или материјална штета. Оваа држава инаку е дом на голема воена база на армијата на САД.

Истовремено, Министерството за внатрешни работи на Бахреин, каде што е стационирана Петтата флота на Морнарицата на САД, соопшти дека иранските напади тешко оштетиле осумкатна станбена зграда во близина на меѓународниот аеродром во Манама. За среќа, нема загинати, но бахреинското Министерство за надворешни работи упати остра осуда, нарекувајќи го ова „намерна и систематска агресија против суверенитетот на кралството“. Моќната Иранска револуционерна гарда, која одговара директно пред врховниот лидер Ајатолах Мојтаба Хамнеи, ја презеде одговорноста за нападите, тврдејќи дека цел била воздухопловната база „Ал Асад“.

Трамп со ултиматум: Иран повеќе нема да постои

Жестокиот одговор од Белата куќа пристигна веднаш. Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа „Truth Social“ потврди дека САД извршиле сериозни напади врз иранската воена инфраструктура, вклучувајќи системи за комуникација, воздухопловна одбрана и складишта за дронови и ракети. Како повод за американската акција се наведува иранскиот напад врз танкерот „Кику“ кој плови под панамско знаме, а кој пренесувал сурова нафта за државната енергетска компанија на Катар – земја која инаку се јавува како клучен посредник во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.

Трамп упати застрашувачко предупредување до иранските власти:

„Иран повторно го прекрши Договорот за прекин на огнот! Доаѓа момент кога САД повеќе нема да можат да бидат разумни и ќе бидат принудени воено да ја довршат работата. Ако тоа се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои!“ – напиша американскиот претседател.

Овие воени пресметки доаѓаат во исклучително чувствителен момент, додека САД и Иран сè уште дебатираат за условите на преодниот мировен договор во рамките на меморандумот потпишан претходно месецов. Двете страни имаат рок од 60 дена за усогласување на деталите околу поморските патишта, укинувањето на американските блокади и санкции, како и иднината на иранските залихи на збогатен ураниум, но најновите ракетирања се закануваат целосно да го торпедираат договорот пред тој воопшто да биде финализиран.

Поврзани вести

Back to top button