ВЕСТИСВЕТ

Торнада ја погодија Сицилија, оштетени згради и превртени автомобили (ВИДЕО)

Силно невреме со торнада ја погоди западна Сицилија, предизвикувајќи материјална штета, оштетувања на објекти и нарушувања во сообраќајот. Најпогодени се Марсала, Петросино и околните населени места.
Според извештаите на италијанските медиуми, две воздушни вртложни колони се формирале над морето во близина на Марсала, по што се придвижиле кон копното. Силниот ветер превртувал автомобили, соборувал дрвја и електрични столбови и оштетувал згради.

Меѓу оштетените објекти е и училиште во кое биле евакуирани околу 300 ученици. Според првичните информации, осум ученици се здобиле со полесни повреди, додека двајца возачи биле пренесени во болница на прегледи.

Невремето предизвикало и проблеми во патниот и железничкиот сообраќај, а службите за итни интервенции биле ангажирани на повеќе локации за отстранување на последиците.

Италијанските служби за цивилна заштита предупредија на опасност од нови врнежи, грмотевици и силни налети на ветер во делови од Сицилија.

Back to top button