ВЕСТИПОЛИТИКА

Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина заснована на заштита на националните интереси

Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел се сретна со Герт Јан Копман од Европската комисија, порачувајќи дека Македонија заслужува ЕУ иднина со заштита на националните интереси.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот за проширување и источно соседство при Европската комисија.

Како што информираше премиерот, во фокусот на разговорите биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори на државата кон полноправно членство во Европската Унија.

„Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните“, порача Мицкоски по средбата со Копман.

Тој додаде дека Владата продолжува со посветена работа на исполнување на реформската агенда и водење одговорна политика со јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија.

Поврзани вести

Back to top button