АРТВЕСТИСЦЕНАТРЕНД

МНТ ја отвора реновираната тераса со концерт на дуото „Поетроника“

Македонскиот народен театар (МНТ) информира дека на 7 октомври, со почеток во 19:00 часот, на нивната реновирана тераса ќе се одржи музичкиот настан насловен „Од другата страна“, со настап во живо на дуото „Поетроника“ – Андреја Салпе и Оливер Митковски.

Со овој настан, како што соопштуваат од националната институција, официјално повторно се отвора терасата на вториот кат како простор наменет за музички и уметнички содржини.

Публиката ќе има можност да проследи едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на „Поетроника“. Од МНТ посочуваат дека новите звучни таписерии на дуото се создадени во соработка со истакнати музички уметници од различни жанрови: Никола Коџабашија – клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет и саксофон и придружни вокали на Надежда Рубен.

Од театарот најавуваат дека влезот за сите посетители кои сакаат да ја проследат промоцијата во новиот амбиент на МНТ е бесплатен.

Back to top button