БАЛКАНВЕСТИМАГАЗИНТРЕНД
Во тренд

Почина Горан Баре, легендарниот фронтмен на култната рок група „Мајке“

Легендарниот хрватски и регионален рок музичар и фронтмен на бендот „Мајке“, Горан Баре, почина на 62-годишна возраст, објави хрватски „Јутарњи лист“.

​Според информациите на весникот, познатиот музичар во последните неколку недели се соочувал со сериозни здравствени проблеми поврзани со срцето, но одбивал лекарска помош и покрај апелите на членовите на неговиот бенд.

​Роден на 16 август 1965 година во Винковци, Баре започнал да свири уште на 15 години, а во 1984 година ја формираше групата „Мајке“, со која испиша златни страници во историјата на југословенскиот и регионалниот рок. Бендот го привлече вниманието на пошироката јавност со компилацијата „Bombardiranje New Yorka“, по што во 1990 година го објави култниот дебитантски албум „Razum i bezumlje“, прогласен за рок албум на годината.

​Низ четиридецениската кариера, Баре создаде некои од најголемите рок химни на овие простори, меѓу кои „Teške boje“, „Mene ne zanima“, „Put ka sreći“ и „A ti još plačeš“. Освојувач беше на бројни дискографски награди, вклучувајќи го и рекордниот триумф на наградите „Порин“ во 2012 година, кога неговиот албум „Teške boje“ освои дури шест статуетки. Неговиот живот беше обележан со бескомпромисен уметнички израз, автентична поетска енергија, но и со лични трагедии и борби кои длабоко ги преточуваше во своите текстови.

Back to top button