ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во тренд

Мрежата за заштита од дискриминација за насилството во Охрид: До кога државата ќе создава и штити насилници?

По убиството на 17-годишната Билјана во Богданци и двата нови обиди за фемицид во Охрид и Битола, невладините организации бараат итна институционална одговорност, санкции за полициски пропусти и крај на системската заштита на насилниците.

Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство излегоа со остра реакција, прашувајќи ги институциите уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира системот кој е поволен за насилниците, а погубен за жените. Реакцијата следи по фемицидот на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, како и двата нови обиди за фемицид во Охрид и Битола кои се случија во рок од само една недела.

Невладините организации потсетуваат дека годинава во Македонија веќе се регистрирани седум фемициди, со што земјата се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени од интимни партнери. Тие алармираат за сериозни институционални пропусти во најновите случаи. Во Охрид, каде 26-годишна жена била претепана до бессознание, осомничениот е пуштен на слобода само со мерки на претпазливост, за што обвинуваат дека можеби е резултат на семејно влијание (наводи дека мајката е поранешна претседателка на ДКСК, а таткото инспектор во УЈП). Во Битола, пак, 21-годишна жена која пријавила долготрајно насилство и закани со убиство е сместена во засолниште, додека нејзиниот напаѓач побегнал низ прозорец од полициска станица и е во бегство.

„Партиските изјави дека ‘никој не е над законот’ мора да бидат проследени со постапување што јавноста може да го провери. Префрлањето на вината меѓу полицијата, обвинителството, судовите и политичките партии го одржува системот во кој сите се декларативно загрижени, а одговорноста постојано останува кај некој друг“, се вели во нивното заедничко соопштение.

Поврзани вести

Back to top button