
Филмот „NAZA“ влезе меѓу главните фаворити за освојување на престижниот „Златен лав“ на 83. Венециски филмски фестивал, откако доби една од најдолгите и највпечатливите овации од публиката на годинашното издание на фестивалот.
Неизвесноста околу одлуката на жирито предводено од актерката и режисерка Меги Џиленхал останува голема, но реакциите на публиката и критичарите веќе издвојуваат неколку филмови како водечки кандидати за највисокото признание.
Меѓу нив најмногу внимание привлече „NAZA“, кој доби рекордна стоечка овација по својата проекција во Венеција. Ваквите реакции не секогаш се гаранција за фестивалска победа, но традиционално се сметаат за важен показател за приемот на филмот кај публиката и филмската јавност.
Годинашната конкуренција за „Златниот лав“ е исклучително силна. Во трката се вкупно 21 филм од различни земји, а програмата опфаќа комбинација од авторски остварувања, холивудски продукции и филмови инспирирани од актуелни глобални настани.
Aсошиетед Прес, наведува дека покрај „NAZA“, во кругот на фаворити се вбројуваат уште неколку наслови кои добија силни реакции на фестивалските проекции, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред доделувањето на наградите.
Венецискиот филмски фестивал, кој важи за еден од најстарите и највлијателни филмски фестивали во светот, традиционално претставува важен показател за претстојната сезона на филмски награди. Голем дел од филмовите кои биле наградени во Венеција подоцна оствариле значајни успеси и на Оскарите.
Добитниците на наградите, вклучувајќи го и „Златниот лав“ за најдобар филм, треба да бидат објавени на завршната церемонија денеска во Венеција.





