ВЕСТИСКОПЈЕ

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Со положување цвеќе на спомениците на борците и свечено доделување на традиционалната награда во Македонската опера и балет, главниот град денеска го слави својот најголем празник.

Скопје денеска со низа свечености го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи им почит на борците кои ја донесоа слободата.

Информацијата за целодневната програма и официјалните активности посветени на овој значаен датум, со кои се потсетуваме на херојството на ослободителите, ја соопштија од Град Скопје.

По повод празникот, претпладнево е предвидено традиционалното положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје кој се наоѓа на Партизанските гробишта во Бутел.

Чествувањето на хероите продолжува со оддавање почит во алејата на заслужните граѓани, каде делегациите ќе се поклонат на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје кој е сместен пред зградата на Владата.

Круна на денешното празнично одбележување ќе биде централниот вечерен настан посветен на најистакнатите граѓани и организации.

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на престижната награда „13 Ноември“, признание кое градот традиционално го доделува за значајни остварувања во различни сфери од општествениот живот на скопјани.

Поврзани вести

Back to top button