ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Црвениот крст отвори сметка на Фондот на солидарноста за помош на семејствата погодени од кризата со водата во Гостивар

Црвениот крст на Република Северна Македонија отвори сметка на Фондот на солидарноста со цел прибирање донации и помош за семејствата во Општина Гостивар кои се соочуваат со сериозните последици од загадувањето на водата за пиење.

Од хуманитарната организација информираат дека нивните екипи се веќе на терен и активно спроведуваат активности за поддршка на засегнатото население, а хуманитарните акции ќе продолжат со засилен интензитет и во наредниот период за да се обезбеди помош таму каде што е најпотребна.

Повик за солидарност и заедништво

Од Црвениот крст упатија апел до сите граѓани, компании и институции да ја покажат својата хуманост во овие тешки моменти за жителите од Полошкиот регион.

„Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците од оваа состојба. Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата солидарност и да придонесеме во обезбедувањето помош за настраданите“, се наведува во соопштението на Црвениот крст.

Сите заинтересирани граѓани и правни лица можат да донираат директно преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ, со цел обезбедување на флаширана вода, хигиенски пакети и друга неопходна помош за жителите на Гостивар.

Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во Гостивар.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME:             KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS:      UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT:      300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE:            KOBSMK2X

IBAN CODE:               MK07300701000001228

Back to top button