ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА
Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопштуваат од Министерството за здравство.
„Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар. Во Здравствен дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.








