ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСКОПЈЕ

По три децении започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје

По три децении чекање и бројни нереализирани најави, проектот за изградба и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ влегува во својата завршна фаза со почетокот на асфалтирањето на трасата, информираат од Град Скопје.

Според надлежните, градежните активности за поставување на новиот асфалт се реализираат откако конечно се решени долгогодишните имотно-правни прашања и е завршена експропријацијата, со што трасата била целосно ослободена за работа. Во рамките на овој инфраструктурен проект, претходно е изградена и целосно нова атмосферска канализација, која треба да обезбеди современа и функционална основа за овој значаен сообраќаен коридор во главниот град.

Започнатото асфалтирање претставува конкретен чекор кон финализирање на булеварот, со што, како што посочуваат од Град Скопје, значително ќе се подобри сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните.

„Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат. Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации“, порачуваат од градската управа.

Поврзани вести

Back to top button