Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот.
„Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , Дебар Маало и Буњаковец, каде што екипите интервенираат на повеќе локации. На терен се ангажирани мобилни служби, кои работат на брзо отстранување на последиците и обезбедување на проодноста на улиците и јавните површини“, соопштуваат од Општина Центар.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека општината реагира координирано и без одлагање.
„Работиме интензивно и сите сме ангажирани за да се справиме со последиците од ова страшно невреме“, истакна Герасимовски.
Во акцијата, како што наведуваат од Општина Центар, се приклучија и граѓани кои самоиницијативно помогнаа во расчистувањето на критичните точки, со што дополнително придонесоа за побрзо нормализирање на состојбата. Општина Центар упатува благодарност за солидарноста и апелира граѓаните да бидат внимателни додека траат интервенциите
Телефоните отворени за граѓаните
075 219068 / 076 350767









