ВЕСТИВИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Собранието и ФИНКИ потпишаа меморандум: Вештачката интелигенција влегува во парламентарните процеси преку проектот „Везилка“

Во Собранието денеска беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со цел унапредување на дигитализацијата и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција за собраниските процеси. Оваа соработка ќе овозможи поефикасно користење на податоците, знаењето и документите со кои располага законодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја оцени соработката како важен чекор кон модернизација и пример за поврзување на науката и институциите во служба на демократијата и јавниот интерес. Тој нагласи дека целта е вештачката интелигенција да се имплементира на одговорен и безбеден начин, преку подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали.

Деканот на ФИНКИ, проф. Петре Ламески, и раководителот на проектот „Везилка“, проф. Димитар Трајанов, истакнаа дека партнерството го поврзува академското знаење со реалните потреби на клучните државни институции. Активностите ќе се реализираат токму преку проектот „Везилка“ во периодот од април 2026 до март 2029 година. Во овој тригодишен период ќе се работи на развој и примена на современи АИ решенија, при што строго ќе се почитуваат највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката на податоците за да се оствари визијата за потранспарентно и поефикасно Собрание.

Поврзани вести

Back to top button