ВЕСТИПОЛИТИКА

Министерот Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. За министерот, пристигнувањето на високата европска претставничка претставува силна потврда за европската ориентација на државата.

Според Муцунски, кој за пречекот информираше преку своите официјални профили на социјалните мрежи, оваа посета е доказ за посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и јасната определба за напредок во евроинтеграциите.

„За нас е важен јасен, кредибилен и предвидлив процес. Пред нас се конструктивни средби, со фокус на натамошниот напредок“, посочи министерот за надворешни работи.

Тој додаде дека главниот фокус останува на европските вредности, спроведувањето на реформите, градењето силни институции и конкурентна економија, што во крајна линија треба да обезбеди подобар живот за сите граѓани.

Поврзани вести

Back to top button