БАЛКАНВЕСТИМАГАЗИН

(ВИДЕО) Мажот во пењоар и со куче во рацете објасни зошто така дошол на гласање во Србија

Фотографијата од гласачко место во Нов Белград привлече внимание на социјалните мрежи, а мажот подоцна објасни од кои причини дошол така облечен на гласање

Една од најнеобичните сцени на денешните предвремени парламентарни избори во Србија беше забележана на гласачко место во Нов Белград, каде што маж се појави облечен во шарен пењоар, домашни папучи и со куче во рацете.

Фотографиите од гласачот брзо го привлекоа вниманието на јавноста. Додека другите граѓани чекаа во ред за да го остварат своето право на глас, тој се издвојуваше со својата необична облека, а во рацете го држеше домашниот миленик.

Мажот подоцна објасни зошто дошол на гласање во такво издание. На прашањето дали дошол директно од кревет, тој одговори дека бил опериран и дека има катетер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dnevnik Nove TV (@dnevniknovetv)

„Опериран сум, па имам катетер. Ако ме пуштат да гласам, ќе биде прекрасно. Редот е голем, но луѓето ќе бидат добри“, изјавил тој, пренесува „Блиц“.

Сцената беше забележана на Нов Белград во текот на изборниот ден, кога граѓаните на Србија гласаа на предвремените парламентарни избори.

Back to top button