ВЕСТИПОЛИТИКА

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистан, ДУИ должи извинување за Скопје-Блаце

ВЛЕН упати остри критики кон поранешниот министер и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, обвинувајќи го дека живее во „апсурдистанот на ДУИ“ и дека партијата сè уште не ја разбрала пораката што албанските гласачи ѝ ја испратиле на последните избори.

Според ВЛЕН, Османи, како губитник на изборите, продолжува да се однесува како Албанците да им должат вечна власт на интегративците. Од коалицијата потсетуваат на низа скандали од минатото, споменувајќи ги случајот „Соравија“, трговијата со мазут и наводните злоупотреби со европските фондови во Зајас. Од ВЛЕН посочуваат дека најголем парадокс на ДУИ е Законот за правична застапеност – иако две децении ја имале власта во свои раце и не го донеле, сега според нив, со сите сили се обидуваат да го урнат, со што самите го поткопуваат Охридскиот договор на кој постојано се повикуваат.

Во соопштението, ВЛЕН го опишува автопатот Скопје–Блаце како „црна дамка“ на владеењето на ДУИ, обвинувајќи ги дека проектот го користеле како изборна мамка цели четири изборни циклуси без да го изградат. Според ВЛЕН, сега кога изградбата конечно започнала, претставници на ДУИ без срам бараат заслуги, наместо да им понудат колективно извинување на граѓаните.

За крај, од коалицијата го коментираат и променетиот однос на Османи кон Артан Груби. Од ВЛЕН прашуваат како Груби прекуноќ преминал од товар за партијата во дел од нивниот „колорит“, нагласувајќи ги сомнежите дека тоа се должи на фактот што „црната кутија“ на партијата знае премногу.

Поврзани вести

Back to top button