ВЕСТИПОЛИТИКА

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ додека Обвинителството одолговлекува?

Стравувања дека „црната кутија“ на ДУИ, Артан Груби, ги открива партиските тајни за да ја купи сопствената слобода се причината поради која Али Ахмети спие со едно отворено око, додека Обвинителството со полжавски чекори го развлекува случајот „Лотарија“, посочуваат од коалицијата ВЛЕН преку нивното најново соопштение до јавноста.

Од партијата потсетуваат дека се навршуваат речиси шест месеци откако на Груби му беше определен куќен притвор, а од обвинение сè уште нема никаква трага. Со оглед на тоа што на 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, од ВЛЕН прашуваат дали Груби „пропеал“ и токму затоа целиот случај се развлекува. Воедно, тие потенцираат дека прашина фаќа и прашањето за наводите поради кои тој заврши на американската црна листа за корупција од високо ниво, односно тврдењата на САД дека тој и судијата Енвер Беџети примиле поткуп за да го извлечат Сашо Мијалков од затвор.

Нарекувајќи го Груби поранешен функционер кој знае кој ги влечел конците, кој ги склопувал зделките и во чии џебови завршувале парите од коцкарскиот бизнис, коалицијата бара одговори од надлежните институции. Со цел јавноста да добие јасна слика, од ВЛЕН бараат Обвинителството да престане да игра криенка со правдата и јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот „Лотарија“, каде се заглавени постапките и дали воопшто презело нешто по наодите на американските власти.

Поврзани вести

Back to top button